За Нас

За Нас

“ДОМ Д-Р ЈАНЕСКИ “ е приватна новоотворена лиценцирана установа која нуди квалитетна нега и грижа на старите лица од 01.02.2023 год.

Лоцирана на 24 км од Кавадарци во с.Чемерско, општина Кавадарци, во подножјето на планината Кожув на надморска височина од 670 м.

Изолирана од градската врева и загаденост, сместени во еколошки чиста средина, со поволна клима и кристален чист воздух/воздушна бања и убава природа опкружена со зеленило.

Оваа локација е одличен предуслов за рехабилитација и продолжување на животот на оние луѓе кои имаат проблеми со дишењето и белодробни заболувања, на кои им е неопходна кислородна подршка и се зависни од капка чист воздух кој може да го најдат во нашата еколошки чиста природна средина.

Зошто би не избрале нас?

Во домот за стари лица се применуваат две програми – за згрижување и нега на корисници кои можат да се грижат за себе, односно корисници кои имаат одреден степен на независност, како и програма за згрижување и нега на стари лица на кои им е потребна целосна нега и грижа. Тие имаат потреба од секојдневна помош при јадењето, облекувањето, одржувањето лична хигиена.

Покрај грижата за стари лица, во Домот се организираат и културно-забавни и спортски активности, како што се куглање, утринска гимнастика и разни други вежби за одржување на моториката.

Целосно се посветуваме на среќата, здравјето, задоволството, безбедноста и долговечноста на нашите корисници.

Нашата МИСИЈА е да пружаме соодветна нега на секој корисник и максимална грижа за физичкото и психичкото здравје на нашите корисници.

Лиценцирана нега
Лиценцирана установа по сите стандарди и прописи
Одличен персонал
Стручен и медицински искусен професионален тим составен од социјален работник, медицински сестри, негователки, готвач, хигиеничар и помошен персонал кој е достапен 24 часа за нашите корисници.
Активности
Организирање на активности што со цел да им ги направиме деновите на нашите стари лица забавни и незаборавни.