Услуги

Исхрана
Секојдневно се служат три главни оброци и две ужинки изработени од разновидни и свежи намирници прилагодени според здравствената состојба и потреба на корисниците и личните желби.
СМЕСТУВАЊЕ
Сместувањето е во луксузни двокреветни и трокреветни соби со сопствени балкони, телевизори, СОС тастери за повик на медицински сестри, кабловска и бесплатен бежичен интернет опремени по европски стандарди и правилник за установи за социјална заштита.
Домот располага со голем прекрасно уреден двор во кој нашите корисници секојдневно уживаат во него, се забавуваат, изведуваат физички активности и максимално ги користат благодетите на чистата еколошки природна средина. Поседува и лифт за транспорт на лицата и сопствено парно греење.
Максимална нега, грижа и хигиена на корисниците и просторот каде престојуваат.
Се обезбедуваат соодветни услови за престој (дневен престој, ноќевање, како и можност за одржување на личната хигиена).


Активности
Домот располага со пространа трепезарија и неколку дневни соби наменети за активности и меѓусебно дружење на нашите корисници кои го поминуваат поголемиот дел од денот за хранење, забава, релаксација, разговор, активности, слушање музика.
Се организираат социјални и физички активности од социјален аспект, како културно-забавни, работно-рекреативни и друг вид активности за социјализација и социјално вклучување од страна на социјалниот работник за да се одржат тековните вештини и да се подобрат когнитивните функции.
Исто така правиме одбележување на празници, прослава на родендени, имендени и слави, прошетки во природа, организирање на приредби, друштвени игри, едукативни активности, посета на културни манифестации.
24/7 СПЕЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
Ние на прво место го ставаме квалитетот на медицинските услуги. Здравствената заштита се обезбедува во соработка со матичниот доктор и вработените медицински сестри. Грижа за навремено давање на терапијата, следење на виталните знаци (крвен притисок,температура, шеќер).
Соработка и консултации од лекари со различна специјалност – општ лекар, стоматолог, невропсихијатар, уролог, интернист.

